Две недели по објавата на Анџелина Џоли дека направила двојна мастектомија, шведскиот сликар Јохан Андерсон откри контроверзен портрет на славната актерка по хируршкиот зафат.
И токму кога мислевме дека веста за двојната мастектомија е нешто најударно што сме го доживеале од Џоли, овој портрет од неа по операцијата кој моментно е изложен во националната галерија за портрети во Лос Анџелес сигурно ќе предизвика голем интерес кај јавноста.
Се очекува портретот да достигне цена од десетици ијади долари.
Анџелина Џоли се одлучи за отстранување на двете дојки за да го намали ризикот од рак, а сликарот Андерсон на овој портрет дополнително го инспирирала неговата мајка која боледува од оваа болест.