Српската пејачка Анабела Атијас, поранешна членка на групата „Фанки Џи“ се породи вчера вечер во Сараево.
Девојчето, на кое Анабела и нејзиниот сопруг Андреј уште пред раѓањето ѝ го дадоа името Бланкица, е тешко 2,9 килограми и долго 50 сантиметри. Како што пренесуваат српските медиуми, пејачката се породила по природен пат и се чувствува добро.
„Се породив по природен пат и пресреќна сум“, изјавила Анабела за „Скандал“.
Новопечената мајка ќе стигне со ќерката во Белград за еден месец, а потоа планира семеен одмор. Сопругот на Анабела, Андреј Атијас спрема голема прослава во Сараево поради доаѓањето на свет на неговата ќерка.