Холивудскиот актер Џони Деп ја запроси Амбер Херд на нејзиниот 27-ми роденден. Актерката рекла „да“, а датумот за свадба сѐ уште не се знае.
„Заради неа се смири. Дури и престана да пие виски, неговиот омилен пијалок, затоа што на неа ѝ пречи. Тој навистина сака брак со неа“, рекол пријател на двојката.
Амбер Херд призна дека била вљубена во Деп уште како тинејџерка и дека ѕидовите во нејзината соба биле излепени со негови постери.
Џони заради Амбер ја остави Ванеса Паради, со која беше во врска 14 години и со која има две деца.