Лорин Хил осудена на затворска казна

Пејачката Лорин Хил е осудена на три месеци затворска казна пред судот во американската сојузна држава Њу Џерси поради затајување данок.

Хип-хоп и соул ѕвездата Лорин Хил (37) по три месеци зад решетки ќе мора да помине уште толку и во домашен притвор откако се изјасни за виновна за неплаќање данок на заработка од околу 1.8 милиони долари во периодот од 2005 до 2007 година.

Лорин изјавила пред судот дека имала намера да ги плати обврските, но дека не била во состојба откако се повлекла од сцената за да им се посвети на децата.

„Јас сум дете на некогашни робови на кои им беше наметнат систем. Сега економскиот систем ми е наметнат мене“, рекла Хил. Таа додала дека живее многу скромно и дека нејзиниот живот не е гламурозен.

Лорин Хил ја почна кариерата во „Fugees“ и со нив го освои првото Греми, но вистинскиот успех стигна подоцна со соло албумот „The Miseducation of Lauryn Hill“ од 1998 година за кој освои вкупно пет Греми награди и кој е продаден во над 19 милиони примероци ширум светот.

- Реклама -