Претседателот на САД, Барак Обама и неговата жена Мишел, пронајдоа начин како да ги спречат нивните ќерки да се истетовираат.
„Им рековме: Ако некогаш сакате да направите тетоважа, тогаш јас и мајка ви ќе направиме идентична, и тоа на истото место. Притоа, сето тоа ќе го снимиме и ќе го прикачиме на „YouTube“, раскажал Обама во интервјуто за шоуто „Today“.
Со помош на ставот „ако не можеш да ги победиш, придружи им се“, 50-годишниот претседател се надева дека ќе ги одврати неговите ќерки од помислите кои се дел од тинејџерскиот бунт.