Фотографијата на која актерката Анџелина Џоли позира топлес со коњ ќе ја предводи продажбата на фотографии на аукциската куќа „Christie’s“ следниот месец во Лондон.
Оваа до сега невидена фотографија е дело на фотографот David LaChapelle, а се претпоставува дека ќе достигне цена и до 53 илјади долари.
Фотографијата е направена во 2001 година кога Анџелина беше 25-годишна бунтовничка омажена за Били Боб Тортон чие име е истетовирано на левото рамо.
Џоли денеска има 37 години и сосема е сменета. Сопруга е на Бред Пит и мајка на шест деца, хуманитарка која патува по светот и им помага на жртвите од војни како амбасадорка на Обединетите нации.
На аукцијата ќе се најде и црно бела фотографија од Бред Пит и Анџелина Џоли како позираат како брачна двојка пред објективот на Стивен Клејн во 2005 година.