Поп дивата Бијонсе синоќа одржа двочасовен концерт во Комбанк арената во Белград, со што ја започна нејзината светска турнеја „Mrs. Carter World Tour“.
Бијонсе го започна концертот со еден час задоцнување во 21 часот со песната „Run The World (Girls)“, а во текот на шоуто се пресоблече дури пет пати.
На крајот на концертот околу 23 часот, Бијонсе го изведе хитот „Halo“ и ѝ се заблагодари на 18 илјадната публика.
„Ви благодарам. Никогаш нема да го заборавам првото шоу од турнејата и вашите преубави лица“, рече Бијонсе.
Погледнете дел од атмосферата
http://youtu.be/hqB29XBl3iM