Реалити ѕвездата сега веќе е позната по сосема несоодветното облекување за своите години.
Младата Џенер повторно го направи тоа! Иако за само неколку месеци ќе наполни 18 години, Кајли Џенер очигледно со сите свои сили сака што побрзо да порасне. Кајли веќе неколку пати предизвикува контоверзии поради своите разголени изданија сосема несоодветни за нејзините години, а сега повторно се најде на мета на критики.
На Инстаграм објави фотографија од подготовката за модното снимање кое, како што се чини, е целосно по вкусот на 17-годишната ѕвезда. Облечена во многу оскуден костум за капење, длабоко деколте и речиси целосно голи нозе во високи, секси кожни чизми.
Сите коментари биле дека ова е сепак премногу за 17-годишна девојка и дека е дискутабилно каква порака праќа на своите врсници.