Од Бразил пристигна уште една секси манекенка, која со својот изглед и сензуалност го одзема здивот.
Лаис Рибеиро има 24 години и титула „ангел“.
Лаис започна да се занимава со манекенство во 2009 година и набрзо ја забележаа светските модни куќи Шанел, Луј Витон, Долче и Габана, Версаче и Марк Џејкобс.
Таа во 2010. година стана ангел на „Викторија сикрет“, за набрзо да се појави на нивните најголеми ревии.
Нејзиниот сексилил зрачи од сите фотографии, па не е ни чудно што многумина ја споредуваат со Адријана Лима.
Како ви се допаѓа?