Пејачката го покажа својот раскош во поседната фото-сесија, а открила и сочни детали од приватниот живот!
Кралицата на поп музијата, Мадона, никогаш не важела за некоја срамежлива жена. Така, ни во последното интервју за магазинот „Interview“, 56-годишната пејачка немаше срам, па годро ги покажала разголените гради во заводливата фото сесија, но открила и голем број детали од приватниот живот.
Провокативните фотографии ја покажуваат познатата пејачка во различни пози, а при тоа позира во долна облека и други секси парчиња облека на Александар Меквин. Мадона, исто така, ги открила и своите ставови за конзумирањето на дрога, признавајќи дека тоа е често духовна работа.
„Станува збор за тоа како луѓето ја конзумираат дрогата за поврзување со Бога или како постигнале повисоко ниво на свест“, рекла Мадона и додала: „Ако се надувате, вие можете да ја постигнете таа состојба на блаженство, а тоа често е причината зошто луѓето стануваат зависни. тие сакаат да станат поблиски до Бога. Но, тоа е само илузија на лек, а на крај ќе ве убие.“
„Јас пробав се, но штом ќе се надував, почнував да пијам литри и литри вода за сето тоа да го исфрлам од организмот. Бев опседната со тоа испирање“, признала пејачката.
Признала и дека станала опседната со смртта и со самиот тој факт што никогаш не можеш да знаеш кога таа ќе стигне, затоа треба да направиме што е можно повеќе за максимално да го искористиме животот.
Погледнете дел од фото сесијата во галеријата тука: