Ким откри зошто се сликаше гола

Американската старлета Ким Кардашијан неодамна се фотографираше за насловната страна на магазинот Paper, а сега откри дека тоа го направила за да ја поправи сликата за себе, пренесуваат австралиските медиуми.

– Имав тешка бременост, многу се здебелив и не се чувствував добро во својата кожа. Мислам дека тоа ми беше најлошиот период од животот, изјави Ким.

Исто така старлетата додава дека не се кае што на фотографиите открила се.

– Ова искуство ми даде сила, мислам дека сега моето тело изгледа многу подобро од порано. Имам поголеми облени, се чувствувам повеќе секси и се е во главата. Гордо го покажувам своето постпородилно тело, додава таа.

На старлетата не и пречат ни смешните реакции за нејзините голи фотографии.

– Морате да имате смисла за хумот. Такви нешта се забавни, а некои беа толку смешни што и јас се смеев, искрена е Ким. Ми се допаднаа сликите и го направив тоа поради себе, заклучува таа.

535748_kim-kardasijan-01-naslovna_ff

- Реклама -