Крис Хемсворт е прогласен за најсекси маж во светот

Австралискиот актер Крис Хемсворт е најсексапилниот маж во светот според класификација на американското списание „Пипл“.

Веста беше соопштена во доцното американско ТВ шоу со Џими Кимел на телевизијата “Еј-Би-Си” и од самото списание.

На 31-годишниот Крис, чие лице првично беше скриено, а неговиот глас – дигитално изменет, американските гледачи му  поставуваа прашања , на кои што тој мораше да ги задоволи, одговарајќи  со да или не.

chris-hemsworth-shirtless wet

Свириш ли во група? Не.

Над 35 години? Повторно грешка.

„Влакнест ли си?”, праша со насмевка маж со брада и проретчена коса од публиката.

„Само тука”, одговори се уште маскираниот непознат маж, покажувајќи кон главата.

Набргу потоа гледачите воочија дека мажот не е Американец и е актер кој одиграл улога суперхерој во филмови на „Марвел студиос”. Бинго!

1338832462_chris-hemsworth-zoom

Наградата на Хемсворт беше мало огледалце за лице.

Запрашан дали сака да му се заблагодари на некого, тој одговори: „ Претпоставувам на моите родители “.

The new champion: Chris Hemsworth was announced as 2014's Sexiest Man Alive on Tuesday night

- Реклама -