Девојката на Роналдо одамна е присутна во светот на модата, но не престанува да ги изненадува своите обожаватели со своето совршено тело.
Ирина Шајк ги поздравила сите кои ја следат на социјалните мрежи со слика во костум за капење, кој открива доволно да ја разбуди фантазијата.
Убавата Русинка позирала во едноделен костум со длабоко деколте, со многу малку шминка на неа.
Во описот стои „Sport Ilustrated“, а Ирина веќе се сликала за традиционалното издание на познатиот магазин со костуми за капење, па постојат индикации дека повторно ќе соработува со нив.