Модел и мајка на две деца тврди дека нејзиниот мулти-милионер сопруг понудил 80,000 долари на платен убиец, заради љубомора дека сакала да се врати на својата работа како модел и позирајќи во овие сексипилни слики.
Моника, 32, се откажа од својата манекенска кариера за да се омажи со милијардерот Дино Гуглиемели во 2003 година. Но, по раѓањето на нивните две ќерки таа сака да се врати на работа.
Таа започна своја линија за убавина Skin by Monica Olsen со помош на нејзинито сопруг.
Моника се обидела да се врати на својата кариера како модел и актрка во 2010 година, но нејзиниот сопруг се притивел, според извор близок на истрагата.
Но, кога открил дека таа направила фото-сесија во долна облека со модниот фотограф Кенет Метјуз, тој „полудел“. Врската се распаднала и имале жестока битка за нивните две ќерки. Неколку месеци подоцна Моника открила дека нејзинот маж бил снимен додека се обидувал да најми пријател да ја убие. Подоцна тој е обвинет за обид за убиство, и потоа пратен во затвор.