Манекенката Шантел апсењето на Бибер го пречекала со насмевка. Желна е за слава, искача само со познати момци, а и самата неколку пати била во судир со законот.
Полицијата во четвртокот наутро го уапси младиот пејач во Мајами поради возење под дејство на алкохол и опијати, заедно со неговиот пријател, раперот Калил (19). Но, Џастин Бибер (19) во моментот на апсењето не бил сам, покрај него била манекенката Шантел Џефрис (21) која невероватно наликува на старлетата Ким Кардашијан. Нејзиното име е непознато на јавноста, а се обидува да се прослави преку врските со многу познати личности.
Според порталот HollywoodLife.com, и самата неколку пати била во судир со законот. Наводно дури пет пати била апсена поради што апењето на Бибер го дочекала со насмевка на лицето.
Извори блиски на моделот Шантел, која до сега ги има бакнато пријателот на Џастин, раперот Лил Твист, синот на раперот Пи Диди, Џастин Комбус и американскиот фудбалер Дешен Џексон, открил дека е „гладна“ за слава поради што обожава познати момци.
– Мислам дека конечно го доби тоа што го сакаше. таа само „виси“ надвор со познати момци и само за тоа ѝ е важно. Ова ѝ е остварување на сонот- изјавил извор близок на моделот.
Кратко пред неговото апење, Бибер објавил фотографија на која позираат заедно. – Шантел Џефрис ме зеде на возење во Ламбурџини- напишал Џастин под фотографијата.
Девет часа откако беше уапсен , Бибер е ослободен од притвор со кауција од 2500 долари. Сеуште е непознато дали го очекува заминување на рехабилитација. Тој признал дека пуши марихуана, зема лекови на рецепт и пие алкохол.