Стјуардеси од авиокомпанијата „Рајанер“ позирале во долна облека за календарот, од чија што продажба ќе бидат обезбедени пари за тинејџерите кои се заболени од рак.
Директорот Мајкл ОЛитри на овој начин се обидува да го поправи имиџот на компанијата, која неодамна се најде на дното на листата на брендови во кои што веруваат Британците.
Полуголите стјуардеси парадирале во центарот на Лондон, фотографирајќи се, во надеж дека од продажбата ќе соберат 90.000 евра за болните тинејџери.
Ирската авиокомпанија „Рајанер“ секоја година издава хуманитарен календар, а до сега на тој начин се собрани повеќе од 600.000 евра.
„Секоја година 10.000 примероци од нашиот календар, се продаваат во рекордно време“, додаваат од компанијата.
Погледнете дел од снимањето
http://youtu.be/O0maf6c0zdw