Сигурно многумина се сеќаваат на славната актерка Габриела Спаниќ, која се прослави со бројните улоги во шпанските сапуници кои се прикажуваа долго време и кај нас.
Денес, актерката со хрватски корени гради кариера како пејачка. 39-годишната Венецуелка воедно и се пофали со нејзиниот завиден изглед на Твитер, каде нејзините фанови оставија бројни коментари дека таа воопшто не изгледа како да е на прагот на 40-та година.