Еве зошто Моника Белучи изгледа како бомба

Актерката Моника Белучи (49) чиј сексипил со години не избледува всушност е заговорничка на природното стареење.

Лута е на притисокот што општеството им го наметнува на жените за тоа како треба да изгледаат. Клучот на убавината и сексипилот оваа заводничка го гледа во самодовербата на жените.

„Навистина ми е досадно да слушам жени кои со 40 години би сакале да изгледаат како да имаат 20. Тоа е бизарно. Но, не сум против пластичната хирургија, може ќе направам лифтинг во следните десет години“, рекла Белучи за магазинот „Amuse“.

Monica-Bellucci-monica-bellucci-14168835-1600-1200

Моника има две ќерки со сопругот Винсент Касел. Кога не работи таа е целосно посветена на нив.

„Кога сум дома воопшто не се шминкам. Сметам дека моето семејство треба да биде во центарот на светот. За актерите тоа е тешко затоа што вообичаено нам ни се придава многу внимание“.

Вели дека е уморна и од слушањето дека постои само еден вид фигура кај жените што е привлечна. Го цени фактот дека секоја жена е поинаква и дека би сакала и другите жени да го сфатат тоа.

Monica_Bellucci_3

„Совршенството не постои, а и да постои би било досадно. Виткото тело е привлечно, но кој може да тврди дека облините не може да бидат убави на ист начин. И големите гради и големите раце може да бидат секси“, изјавила таа и нагласила дека самодовербата е најважна.

- Реклама -