Иако има само 17 години, сепак, младата Кендал Џенер, како и нејзините сестри, веќе одзема воздишки.
Додека овие денови семејството се одмара во Санторини, Грција, Кендал не можеше да не ја сподели нејзината среќа што се наоѓа на толку убаво место.
Младата реалити ѕвезда позирајќи во дводелно бикини ја сподели сликата со нејзините пријатели на „Инстаграм“. Се чини дека Џенер е на добар пат да ја надмине убавината и на нејзините постари сестри.
Пред само неколку месеци нејзината полу-сестра Ким, постираше видео на кое се гледа како се сонча Кендал, кое беше насловено „Љубоморна сум“.