Магазинот „People“ и оваа година спроведе избор за најубава жена во светот.
Многумина останаа изненадени кога дознаа дека тоа е токму Гвинет Палтроу.
Актерката што ќе ја гледаме во третото продолжение на „Iron Man“ се појави на насловната страница на магазинот „People“.
Гвинет за магазинот открива дека во слободно време е само една обична мајка во фармерки и широки маици. Омажена е за фронтменот на групата „Coldplay“, Крис Мартин со кого ги има 8-годишниот Епл и 7-годишниот Моузес.
„Вообичаено не носам шминка, па кога ќе се средам за премиера Крис се шегува „Вау, па вие сте Гвинет Палтроу“, раскажува актерката во интервјуто за магазинот.
Минатата година оваа титула ја понесе Бијонсе.