Тори Спелинг 20 килограми послаба

Ѕвездата од серијата „Беверли Хилс, 9021“, Тори Спелинг, помина низ пекол за време на нејзината четврта, непланирана бременост со нејзиниот син Фин, кој беше роден минатиот август. „Последно нешто што ми паѓаше на памет беше дека ќе можам да си го вратам телото во форма“, изјавила 39-годишната актерка, дизајнерка и основачка на веб-страната „EdiTORIal“ за магазинот „Us Weekly“. Сепак, со напорното вежбање и здравиот режим на исхрана актерката успеа да ослабе 20 килограми и во целост да си ја поврати добрата линија. На фотографијата направена за „Us“, таа позира во бикини и високи потпетици држејќи го синот Фин во рацете и со ќерката Хети која има 18 месеци.

1366208738_tori-spelling-bikini-zoom

- Реклама -