Бразилската убавица Адриана Лима (31) се сликаше за мајското издание на британскиот магазин „Esquire“. Мет Џоунс е авторот на трите црно-бели фотографии на кои Лима се појавува топлес, во бикини и со шорц на неа. Тој во текстот под сликите напишал: „Господа, ова е Адриана Лима. Манекенка, актерка и сила на природата“.