Рози Ханингтон-Вајтли прекрасна и кога не е на писта

Дури и кога е надвор од должноста , моделот и актерка Рози Ханингтон- Вајтли е секогаш подготвена да ги освои воздишките на присутните. Русокосата убавица беше облечена во тенко и пролетно здолниште со животински принт и едонставна маичка под која очигледно не носеше ништо (а и немаше ниту потреба). Супер-моделот има прекрасна фигура која како што самата покажува преку нејзиниот профил на Твитер, ја одржува преку домашно направени сокови, каши и супи. Освен здравата исхрана Рози го одржува своето тело и со редовно вежбање. Имено, вчера папараците ја уловија токму кога излегуваше од теретаната во која вежба.

- Реклама -