Tие се во моментов најубавиот славен пар, а веќе најавуваат и свадба

Актерката Софија Вергара и нејзиниот вереник  Џо Манганиело планираат летна свадба.

42-годишната актерка и модел, призна дека сака да се омажи за него што е можно поскоро.

„Двајцата веќе зборуваат за голема летна свадба “, откри извор близок до двојката.

„Тие сакаат бебе, но за нив е важно прво да станат сопружници”, додава тој.

38-годишниот Џо никогаш порано не бил женет, ниту има деца.

„Ова се двете најголеми соништа кои конечно стануваат вистина. Тој им го должи сето тоа на својот разум и доверба “, велат негови блиски пријатели.

Софија веќе има еден брак зад себе, од кој има 22-годишен син.

„Џо се разбира одлично со него и ќе биде прекрасен татко. Маноло веќе гледа на него како на татко “,

Наводно, двојката исто така бара нова куќа за нивното „растечко семејство”.

- Реклама -