Потребно и е лекување – Maраја Кери е во тешка психичка состојба

Мараја Кери е во сериозна депресија по разделбата со сопругот Ник Кенан.

Актерот и водител се раздели со пејачката пред неколку месеци, а тоа не се одразува воопшто добро на емоционалната Кери. Мараја е во многу тешка психичка состојба, алармираа блиски до неа. Само пред неколку дена на еден од своите концерти таа се расплака додека ја изведуваше песната „Hero”.

Мараја ги заборавила чевлите и луѓето од тимот трчале по неа за да може да излезе пристојна на сцената. Овие навидум мали нешта ја уништуваат  пејачката и таа паѓа во безспирен плач, тишина, а потоа почнува да се смее без причина.

„Мараја има потреба од одмор и лекување. Многу сме загрижени за нејзината состојба “, споделуваат луѓе од тимот на пејачката, кои се прашуваат што да прават со нејзините променливи состојби и како да и помогнат.

Од друга страна Ник очигледно не е заинтересиран за депресијата на својата поранешна сакана, откако одлучи да започне тешка борба за родителските права над близнаците, како и за поделба на милиони долари и неколку куќи кои се купени за време на нивниот брак.

- Реклама -