Aнџелина после расправијата со Бред: Сакам да бидам подобра сопруга

 

Откако папараците неодамна го „уловија“ она што се нарече огромна расправија, Анџелина откри во една емисија дека за својот сопруг сака да биде подобра жена и добра домаќинка.

Прочитај повеќе: Џоли и Пит фатени како се расправаат.

– Сите ги имаме тие моменти кога велиме: „Има да научам да готвам и да бидам подобра“, изјави низ шега актерката и додаде дека нејзиниот сопруг има разбирање за нејзините лимити.

Парот кој се венчаше на интимна церемонија во Франција, во брак е три месеци, а актерката призна дека новиот статус на врска и донел одредени промени во животот.

– Ја имавме таа среќа да се најдеме во ситуација на свадбата да бидат присутни и нашите деца, кои ни ги напишаа заветите. Одлучивме да се посветиме на заедничкиот живот не само затоа што мораме, туку затоа што почувствуваме апсолутна сигурност, додаде Џоли.

- Реклама -