Она што огромен дел од фановите на светот едвај го чекаа конечно се случува, а тоа е најславниот пар Бред Пит и Анџелина Џоли повторно да заиграат заедно во филм.
Новопечената брачна двојка, снимаше љубовни сцени во Maлта за целите на новиот филм „By The Sea”, што публиката со нетрпение го очекува во кино салите.
Она што исто така израдува многумина, е и тоа што Анџелина за потребите на снимањето стана русокоса. Инаку, Анџелина е режисер и сценарист на овој филм.
Еве ги најновите, воедно први фотографии од снимањето.