Поранешната секретарка на поранешниот американски пртседател Бил Клинтон, Моника Левински (41), за прв пат јавно прозборе во врска со аферата со претседателот која ја стресе јавноста во 90-тите години.
Таа раскажува како пристигнала да работи во Белата куќа, како започнала афера во 1995 година и како го сакала многу.
„Тогаш имав 22 години, завршив факултет и почнав да стажирам во Белата куќа. Но се заљубив во својот шеф, а тој беше претседател на САД. Започнавме афера во 1995 година, а таа со прекини траеше 2 години. Тоа беше добро за мене, се додека не се дозна во јавноста за тоа. Многумина ми говореа дека треба да го променам името, а некои дури зачудено ме прашуваа зошто тоа веќе не сум го направила. Но јас сум се уште Моника Левински – изјавила таа во почетокот на говорот.