Разводите се денес се почеста појава, особено во светот на славните, па не е чудо што скептиците веќе започнаа да предвидуваат и да се обложуваат колку ќе трае бракот на Џорџ Клуни и неговата Амал.
Сепак, изгледа дека убавиот Клуни нема да заврши во кошот со толку славни актери пред него, бидејќи како што тврдат експертите, ќе остане во брак целиот свој живот.
Еве и зошто…
Двајцата се возрасни и зрели луѓе
И Џорџ и Амал се возрасни и зрели луѓе кои склопиле брак нешто подоцна отколку повеќето. Истражувањата покажуваат дека овие двојки поретко се разведуваат.
Немаат деца
Денес се почесто луѓето влегуваат во брак со деца од претходна врска, но истражувањата покажуваат дека таквите бракови не траат долго. Ни Клуни, ни неговата сопруга немаат деца, па тој факт им оди во прилог.
Имаат слично образование
Амал има повисоко ниво на образование од Џорџ, но имаат слични интересирања, а со тоа и теми за разговор. Во бракот, според експертите, тоа е исклучително важно, бидејќи кога едниот е многу пообразован од другиот, работите со текот на времето стануваат проблематични.
Богати се
И Џорџ и Амал се богати луѓе. Тоа гарантира стабилен брак, покажуваат истражувањата. И едниот и другиот се во таа смисла независни, па ниту еден нема да чувствува дека другиот е со него, поради парите.
Донесоа одлука
За стабилен брак, најважни се промислените одлуки. Џорџ и Амал не беа присилени на брак, тие одлучија, а тоа е добар темел за функционален и долготраен брак.