Сите се прашуваат зошто Анџелина и Бред не биле присутни на свадбата на Џорџ Клуни, а американските весници тврдат дека знаат зошто.
„Њујорк пост“ објави дека до вчера добрите пријатели се скарале бидејќи Џорџ Клуни не бил расположен во својата вила на езерото Комо да го вгости големото семејство на Пит-Џоли.
Добро информиран извор тврди дека Клуни веќе има непријатно искуство со децата на Бред Пит и Анџелина Џоли кои наводно биле многу неблагодарни гости.