Деми Мур им предложила на Ештон и Мила да им помага со бебето

Деми Мур понудила да помогне „на секаков начин” со бебето на поранешниот сопруг Ештон Качер и неговата нова избраничка Мила Кунис.

51-годишната актерка беше мажена за ѕвездата од „Два и пол мажи” осум години, но во ноември 2011 година нивната врска заврши. Сега сепак таа сака да му помогне на Ештон, откако неговата бремена свршеница Мила Кунис го роди првото дете. Запознаен извор открил пред сајтот RadarOnline дека Деми им понудила да помогне во секој поглед со бебето и со Мила.

„Работите значително се смирија и таа сака да помогне на семејството на Ештон”, додал изворот.

Мур, која има три деца од претходниот брак со Брус Вилис, без сцени ја прифаќа новата врска на Качер со Мила Кунис.

„Деми го остави минатото зад себе. Таа ја прифаќа целосно неговата врска. На крајот таа доживува голема љубов кон Ештон и го прифати  фактот дека тој ја сака Мила и двајцата основаат семејство”, откри близок пријател на актерката.

Качер ја започна врската со Кунис во 2012 година по разделбата со Деми Мур, една година порано.

Разводот им беше финализиран во ноември минатата година и Ештон и предложи брак на Мила неколку месеци подоцна.

- Реклама -