Познатиот актер Бил Козби ги освои срцата на целата Амерка со својата ТВ емисија во која го глумеше симпатичниот семеен човек.
Но, работите не биле толку идеални во неговиот приватен живот, а тоа се докажува и во најновата книга на Марк Витакер, во која се отркиваат сите пороци на актрот.
Витакер наведува дека козби имал и своја мрачна страна која ја открил за време на едно од неговите патувања во Лас Вегас.
Наводно, актерот таму имал бројни љубовници, а како јавна тајна останува податокот дека добил и вонбрачно дете, кое се уште не го признал како свое и за кое демантира уште од почетокот на овие гласини.
Авторот како главен пример за прикривањето го навел и судскиот спор меѓу Козби и дури 13 жени, кои истакнале дека актерот ги нападнал додека бил дрогиран. Таа тужба на крајот завршила со спогодба, која не била објавена за јавноста.