Раперот Џеј Зи на концерт во Парис низ песна откри дека неговата сопруга Бијонсе е бремена.
Всушност, во францускиот главен град е одржан нивниот последен концерт од заедничката турнеја наречена „On the run“.
За време на изведувањето на песната на Џеј Зи „Beach is better“, пејачот ги заменил зборовите на песната и рекол: „Таа е бремена со второ дете“, алудирајќи на состојбата на популарната пејачка.
Иако официјална потврда за бременоста на Бијонсе се уште нема, не е исклучено дека малата Блу Ајви ќе добие брат или сестра.