Бијонсе и Џеј Зи: Вистинска љубов или проѕирен маркетинг?

Веќе  неколку недели читаме за евентуалната разделба меѓу еден од најпознатите парови во светот на шоубизнисот – Бијонсе и Џеј Зи.

Тие сепак одговорија на сите гласини на уникатен начин на наградите MTV Video Music Awards пред неколку дена. Бијонсе и Џеј Зи ги „затнаа“ сите усти и ги игнорираа негативните коментари на нивната адреса.Потсетуваме дека пејачката ја доби најпрестижната награда која може да ја добие еден изведувач во текот на шоуто, имено Michael Jackson Video Vanguard Award . Ѕвездата прсна во солзи, кога на сцената кај неа се качија сопругот Џеј Зи и малата  ќеркичка.

 

Само по недела завршува турнејата на ѕвездената двојка. Сепак, се раширија нови гласини дека сите озборувања за нивниот брак се намерно пуштени за  да се продадат билетите за концертите. Гласините за изневерувањето никогаш не беа коментирани од Џеј Зи, а зборовите на луѓето од нивниот тим дека Бијонсе и Џеј спијат во различни хотели не беа потврдени.

Бијонсе не престанува да споделува свои слики на кои изгледа среќна, опкружена од своето семејство. Всушност Бијонсе постојано обезбедува докази дека љубовта меѓу неа и Џеј Зи е се уште жива. Идила или едноставно многу добро обмислен маркетинг?

Бијонсе го привлече вниманието врз себе со сосема нова фризура на фестивалот Made In America Festival. До неа гордо стоеше Џеј Зи. Двајцата се појавија заедно во бекстејџот каде разменија гушкање и милувања без да се срамат од камерите. Видливо беше дека 32-годишната убавица светна од радост.

Дали промената во визијата на пејачката има нешто заедничко со промената во  нејзиниот личен живот не можеме да кажеме. Таткото на Бијонсе, Метју, изјави дека игратата со медиумите и IP стратегиите вклучуваат слични насочени “гласини” и “озборувања”.

„За мене тоа е како трикови од филмовите за џедаите. Сите зборуваат за него. Го велам тоа бидејќи јас самиот сум го правел. Така скока продажбата на билетите. Последниот албум на Соланж се продаде за 200% повеќе “, категоричен беше Метју, кој веќе не е менаџер на Бијонсе.

- Реклама -