Прозборe дечкото на Мадона: „Ја сакам бидејќи ме потсетува на мојата мајка“

Мадона сака помлади момчиња, а тој сака постари жени- идеален пар!
Новиот дечко на Мадона, Тимор Стефенс конечно прозборува за врската со познатата дива.

Screenshot_2

Објаснува дека се идеален пар токму затоа што Мадона сака млади момчиња, а него отсекогаш го привлекувале постари девојки.

„Не ми пречи разликата во годините помеѓу мене и Мадона. Отсекогаш сум имал постари девојки. Сакам што повеќе да научам од нив“, рекол тој.

Screenshot_3

Исто така, признал дека сака постари девојки бидејќи го потсетуваат на неговата мајка.

„Мајка ми е голема инспирација за мене. Таа е голем борец, силна и независна жена и јас сум во потрага по таква за врска. Сакам кога жената има став и свое мислење“, рекол Тимор.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Screenshot_4

26-годишниот убавец признава дека неговата мајка има големо влијание врз неговиот живот, пишува Daily Mail.

„Таа секогаш е во потрага по предизвици во животот. Ако сите одат десно, таа ќе оди лево само за да докаже дека има визија и свој начин на изразување“, објаснува.

Screenshot_5

Тимор инаку е танчер, и веќе е неколку месеци во врска со познатата Мадона, а претходно работеле неколку месеци заедно на танцувачки проект.

„Беше очигледно дека е близок со нејзините деца, особено со Роко. Заедно ја поминаа Новогодишната ноќ и се забавуваа“, открива извор. „Мадона сакала да се осигура дека на нејзините деца ќе им биде во ред што се забавува со него“, додал тој.

Screenshot_6

- Реклама -