Убавата манекенка призна – „Грешна сум“

Супермоделот Миранда Кер изјави дека ја крие „грешната страна” и претпочита да ги држи работите под контрола и да го почне денот со молитва.

Кер призна во интервју дека има граници кои не сака да ги премине, колку и да ги сака ноќните излегувања и пијалокот. Во повеќето случаи убавицата сака да биде сигурна дека нема да стигне  „премногу далеку”  со забавувањето.

„Се разбира дека имам лоша страна. Мислам дека сите ние имаме таква”, призна убавицата. Кер го смета за свој грев пиењето. Тоа и се случило неколку пати во животот.

Таа сепак вели дека е тивка и кротка по природа и дури го  почнува денот со молитва.

„Секогаш пред да одам на работа го благословувам овој ден, за да биде полн со светлина и љубов”, изјави таа.

- Реклама -