Френч Монтана, новиот дечко на Клое Кардашијан, признал дека му одговара тоа што популарноста му расте од ден на ден се повеќе поради врската со припадничка на семејството Кардашијан.
„ Сакам да го извлечам најдоброто од врската. Ми порасна бројот на фанови и се надевам дека ќе успеам да се сносам со популарноста која расте“, изјавил Френч.
Но, очигледно на Клое не и пречи тоа што дечко и ја искористува.
„ Фасцинантно ми е. Јас бев првата што го забележа тоа, само воопшто не ми е грижа“, изјавила Клое.
Неодамна новиот дечко на Коле ја запозна сестра и Ким. Во краток исечок од новата епизода на „Keeping Up With The Kardashians“ е фатен момент во кој Ким се сретнува со него.