Лејди Гага ќе се мажи?

Лејди Гага наскоро можеби ќе биде  невеста.Последен пат  скандалозната пејачка беше забележана како разгледува  фустани во различни продавници за свадба  низ Торонто, Канада. Овие денови пак пејачката не запира да објавува фотографии од својот  омилен Тејлор Кин.

На овој начин Гага уште еднаш ги потврди гласините дека двајцата со актерот тајно ги подготвуваат деталите околу идната свадба.

 

„Тие одамна сакаа да се венчаат, само немаа време. Сега речиси сè е подготвено”, издава извор близок на двојката.

Според озборувања Гага и Тејлор ќе прават  свадба за околу еден  месец. Се очекува настанот да биде исклучително скромен  и да присуствуваат само нивни блиски. Лејди Гага и Тејлор Кин се заедно речиси  3 години. Двајцата се запознаа на сетот на снимањето на  You and I.

- Реклама -