Памела Андерсон напиша песна за разводот

Памела Андерсон напиша песна за разделбата со нејзиниот сопруг Рик Саломон за втор пат, во кое признава дека знаела од самиот почеток, дека нивниот брак е грешка.Русокосата убавица се омажи за филмскиот продуцент и професионален покераш во 2007 година, но двајцата го завршија бракот два месеци подоцна.

Минатата недела тие повторно се разделија, откако Андерсон поднесе барање за развод само шест месеци по стапувањето во брак за втор пат.

Сега актерката зборува отворено за разделбата, со тоа што  сподели емоционална поема од 1200 зборови на својата страница на Фејсбук. Иако не го споменува Саломон по име, таа ја става под сомнеж одлуката да се премажи за него, па пишува: „Што направив …? Од самиот почеток знаев дека е грешка, примитивен, примарен инстинкт … Никогаш не се мажи за богат човек … “.

Памела продолжува да се исповеда: „Ми се допаѓа да сум вљубена, но очекувањата ги прават среќата или задоволството невозможни … Пробав … толку ревносно … можеби тоа не е модерно, традиционално … едноставно изгледаше толку романтично …”. “Претпоставувам дека тоа е стариот идеал … или стара мода … не модерна … Ниту еден маж не знае што да прави со мене, се обвинуваат себе си”.

Памела беше мажена и за рокерот Томи Ли и Кид Рок, а Саломон стана познат со учеството во секс снимката на Парис Хилтон „Една ноќ во Париз”.

- Реклама -