Кание Вест е глупав сноб

Раперот Кание Вест одбил да користи тоалетна хартија во возот „Еуростар”, бидејќи била премногу крута.Така во улогата на тоалетна хартија бил принуден  да користи салфетки од масите на рестораните во вагонот. Еден од изворите откри пред британскиот таблоид „Сан” дека Кание многу се изненадил од квалитетот на тоалетната хартија. Тој не можел да поверува дека во вагон од прва класа ќе има бодликава тоалетна хартија. Тој одбил да го вознемирува персоналот на возот, но кренал паника меѓу луѓето од најблиската околина. ”

На Вест не му се допаднала текстурата на тоалетната хартија и замолил да му донесат помека, па луѓето му собрале салфетки во вагонот. Настанот се случил додека Кание Вест патувал од Париз за Лондон, за да го посети музичкиот фестивал Wireless. Раперот е озлогласен  дека е голем сноб кога станува збор за сè. Со својата жена Ким Кардашијан платија 684 734 долари (503 536 евра) за четири позлатени тоалет чинии во нивниот дом.

Прочитајте и:  Товарен воз излезе од шините, сообраќајот помеѓу „Кадина Река“ и „Зелениково“ во прекин
- Реклама -