Бракот на поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ и убавиот „ангел“ Адријана Лима наводно е во криза, а се шират гласини дека убавицата веќе има нов партнер.
Бразилската манекенка Адријана Лима и српскиот кошаркат Марко Јариќ веќе два месеци не комуницираат на Твитер, каде претходно редовно ги известувале пријателите и обожавателите за сè што прават заедно, пишуваат српските медиуми.
Познатиот пар од февруари не објавиле ниту една заедничка слика, што пак ги поттикна гласините за развод, кои почнаа да се шират уште од март кога еден германски таблиод објави дека тие веќе не живеат заедно и дека Лима наводно има нов партнер.
Според најновото објавување на познатата убавица, се чини дека ни Велигден не го поминале заедно.
Таткото на српскиот кошаркар не сакал да коментира за можниот развод на својот син.
„Не сакам ништо да кажам, ни дека е точно, ни дека е неточно. Не сакам да коментирам на такви глупости“, рекол за српскиот Блиц.
Адријана и Марко заедно се осум години, а веќе се пет години во брак и имаат две деца.