Како гром одекна веста дека бразилскиот супермодел Адријана Лима сака да се разведе со српскиот кошаркар Марко Јариќ.
Наводно, во последно време убавицата е во љубов со рок ѕвездата Лени Кравиц, а веќе е во најава целосната статија под наслов “Тајните на Адриана”, која што ќе излезе во април.
До сега двојката не ги коментира гласините за разделба, иако вчера моделот се заблагодари на Твитер на новинарскиот тим на германското списание за најсупер интервју и совршена корица, која ја направиле.
Адријана и Марко се венчаа во 2009 година. Во мај истата година манекенката официјално стана државјанка на Србија.
Нивната прва ќерка Валентина се роди на 15-ти ноември, а на 12 октомври на светот дојде и второто нивно девојче – Сиена.