Актерот Џејмс Ван Дер Бик верува дека било кој нов актер кој ќе биде замена на Харисон Форд во култниот филм за Индијана Џонс би бил погрешен, освен ако тоа не би бил тој.
По гласините што се појавија дека Бредли Купер би можел да ја глуми главната улога во овој филм, Џејмс бил многу револтиран.
Актерот смета дека ќе биде ужасна идеја било кој друг актер да ја преземе улогата на Харисон Форд, но, кога го прашале дали тој би сакал да глуми, тој одговорил:
– Апсолутно! Кој го е*е Харисон Форд!- неочекувано одговорил актерот.