Сара Џесика Паркер и нејзиниот сопруг Метју Бродерик се во брак 16 години. И двајцата се категорични дека компромисите и напорите во нивната долгогодишна врска се важен фактор за стабилните односи меѓу нив.„ Кој и да го праша Метју за нашиот брак и затоа како успеваме да го задржиме сите овие години, тој одговора дека едноставно никогаш не сме сакале да се разведеме во исто време”, коментира Сара.
Таа вели дека луѓето го живеат бракот, бидејќи едноставно сакаат да бидат таму и покрај се.
„Не знам, верувам дека бракот заслужува исто толку напори колку и кариерата, и се останато. Претпоставувам дека и двајцата сакаме да бидеме во него “, категорична е ѕвездата.
Паркер призна уште дека никогаш не чита постови за него на интернет, бидејќи не може да ја поднесе „случајната суровост” во коментарите на луѓето.
„Никогаш не го пишувам неговото име на Гугл. Интересно ми е сè друго, но не и она што се напишало на моја адреса”, вели Сара во интервју за британското издание на списанието “Harper` s Bazaar “.