Проблематичниот пејач Џастин Бибер конечно решил малку да се смири, а во тоа му помага неговата нова девојка, Кетрин Газд.
Тие двајца веќе биле во врска, но него Кетрин го оставила поради неговото проблематично однесување.
Меѓутоа Бибер сега сака повторно да биде со неа, а на своите пријатели им кажал дека дури и сака да оформи семејство со 17-годишната пејачка.
„Често се расправаа и помируваа затоа што таа не можела да го поднесе неговото однесување. Кетрин сега пробува да му го подобри угледот.“, изјавил еден од пријателите на Бибер.