Според најновите гласнини прекрасната Шарлиз Терон и легендарниот Шон Пен уживаат заедно во љубов. Според американските медиуми актерката присуствувала на хуманитарната гала вечера организирана од страна на Шон Пен, а присутните забележале дека нивниот однос е повеќе од пријателски.
Тие се уште не се изјасниле со коментар на темата, отакако минатата седмица беа фатени од папараците на зедничкиот одмот на Хаваите. Најново е тоа што вчера седеле еден крај друг и изгледале многу заљубени.
„Цела вечер се гушкаа, а имаше и страсни француски бакнежи. Се се одвиваше премногу брзо“, вели изворот.