Славната холивудска убавица Шерон Стоун се чини дека има нова симпатија, а тоа е токму славниот заводник Џерард Батлер.
И во своите 50-ти години, Шерон Стоун е вистинска заводница. 55-годишната актерка наводно се заљубила во познатиот шкотски актер Џерард Батлер, па сега често доаѓа на забавите за да се сретне со него на некои до настаните.
„Шерон е многу заљубена во Џерард, ги повлекува сите врски за да го вовлече во својата заводничка мрежа“, пишува National Enquirer, а изгледа дека мрежата меѓу нив веќе почнала да се гради. Наводно, тие на една забава биле видени заедно како се смеат и се држат за раце, а Џерард ѝ кажал на Шерон дека сцената со полициското испрашување му биле една од најсексите од сите!
Сепак, според странските медиуми, Шерон со Џерард не сака врска, туку само флерт и пријателство со бенефиции. Неа ѝ се допаднал уште од пред 9 години кога го видела во филмот „Фантомот од операта“.