Том Круз бил на седмо небо откако се споил со актерката Лаура Препон, со која се зближил преку Скиентологијата.
Тие се познаваат веќе некое време, но се чини дека пријателството прераснало во романса. Том Круз ја изнел актерката на вечера во хотелот Манор во Лос Анџелес, кој е омилен меѓу следбениците на Скиентологијата.
„Ја зеде со својот старомоден автомобил, кој знае дека е еден од омилените на актерката, потоа нарачал шише Мерлот од 1979 година. Поминале три саати во смеење и шегување. Очигледно било дека Том бил на седмо небо по состанокот. Таму договориле и други идни состаноци, а потоа му била придружничка на вечета кај Џон Траволта“, рекол изворот.
Се верува дека Том тајно се гледа со актерката и поминуваат многу време заедно. Според изворите, се верува дека повторно сака да се жени и да има семејство.
„Том не сум го видел волку среќен заради разводот од Кејти“, додаде изворот. „Том ја познава Лаура веќе неколку години и се во исто друштво се со Џон Траволта и неговата сопруга. Тој отсекогаш бил фасциниран од неа, уште кога ја видел во ‘Orange Is the New Black’, а сега тоа се претворило во привлечност. Зато, собрал храброст и ја поканил на состанок.“
Конечно се дозна вистинската причина за разводот со Кејти.
Поранешната негова сопруга Кејти Холмс, исто така покажува дека продолжила понатаму. Одлично се забавувала на снимањето на новиот филм во Јужна Африка и остана во добри односи со Том за доброто на нивната ќерка Сури.