Бијонсе наводно размислува да го напушти Џеј-Зи поради тоа што не ги исполнува брачните и татковските должности.
Најпознатата музичка двојка се венчаа во 2008 година, а минатата година им се роди ќеркичката Блу Ајви. Иако на фотографиите изгледаат како чиста идила, Бијонсе, според новите натписи, смета дека Џеј-Зи е себичен и дека семејството никако не му е на прво место.
Проблемот се појавил кога Џеј-Зи одлучил да оди на турнеја во исто време кога и Бијонсе тргала на својата. „Не само што на неа воопшто не ѝ го спомнал својот план за турнејата, туку не се ни потрудил да ги организира датумите за концертите со неа“, рекол извор близок на двојката.
Заради сето тоа „Бијонсе во последно време се чуствува како самохрана мајка и јасно дава до знаење на сопругот дека стои на „тенок мраз“, заклучил истиот извор.