Дали Џон Мајдер и Кејти Пери ќе бидат наредната холивудска двојка која ќе „рипне во тавче„? Сите знаци укажуваат на да! Проверете зошто Мајер може да ѝ стави прстен на Пери во многу скоро време и други славни ѕвезди кои се насочени на истиот пат.
1. Џон Мајер и Кејти Пери
Овој пат воопшто не се срами да ја покажат својата љубов во јавност во последно време, а близок нивен пријател изјавил дека нивната врска е „доста сериозна“ и дека е „неизбежно“ да се круниса со брак. „Секој сака тие да се верат затоа што се совршени заедно“.
Кејти Пери ја напиша новата песна “Legendary Lovers” која ја посветила на Мајер. Се надеваме дека Кејти ќе најде повеќе среќа со Мајер отколку со нејзиниот бивш сопруг Расел Бренд.
2. Мила Кунис и Ештон Качер
Сега кога разводот на Ештон Качер со Деми Мур е скоро финиширан, гласините велат дека Качер веднаш се подготвува да ја запроси својата долгогодишна девојка Мила Кунис. „Не е тајна фактот дека Ештон сака да има дете и тој има кажано на своето семејство дека превземаат секакви мерки за тоа остварување. Со други зборови тој и Мила се подготвени да имаат дете“, кажал изворот за Радар Онлајн.
3. Амбер Херд и Џони Деп
По официјалното разделување од Венеса Паради, Џони Деп е во прилично сериозна врска со ѕвездата од Rum Diary, Амбер Херд. „На почетокот, Амбер беше малку загрижена затоа што не сакаше да биде препознавана како негова љубовница. Но Џони ја освои со својата великодушност, постојано опсипувајќи ја со подароци“, вели извор близок на двојката. Се чини дека нивната врска е на брз пат да стане сериозна.
4. Принцот Хари и Кресида Бонас
Дали ги следи стапките на својот постар брат? И покрај историјата на долги врски, извештаите велат дека принцот Хари конечно е спремен да се смири со неговата последна девојка Кресида Бонас. „Кресида ќе се омажи за Хази“ вели изворот за двојката. „Хари не престанува да зборува за брак и деца, и таа се навикна на таа идеја. Свадбата би требало да биде наредната година“.
5.Ема Стоун и Ендрју Гарфилд
Може ли Ема Стоун да добие прстен за нејзиниот скорешен роденден? Иако нема гласини дека се вериле, можеме да претпоставиме дека тоа ќе се случи во блиска иднина. Тие се запознаа на снимањето на „Чудесниот Спајдермен“ и од тогаш се неразделни. „Ние навистина добро се сложуваме“ ијавил Гарфилд за неговата водеча дама,„Тоа беше забавниот дел. Во меѓувреме, се шегувавме и смеевме, и си реков, „Ах, ова е различно“.